Започнувајќи од четврток па до сабота, општина Куманово ќе биде домаќин на тридневното 28-то годишно Собрание на Асоцијацијата на ”Градови носители на мир” на кое учество ќе земат 13 светски градови – членови на Асоцијацијата.
Куманово како град – носител на мир беше избран за град – домаќин за 2015 година откако во регионот од јуни оваа година започна бегалската криза, првин во градот а потоа и на Граничниот премин Табановце, но и поради случувањата поврзани со настаните од 9-ти и 10-ти мај годинава кога градот се најде во опсада, за што и Асоцијацијата свика вонредно собрание.
Инаку општина Куманово е дел од оваа големо семејство на градови од 2009 година кога беше свечено примена заедно со Барселона, Мексико Сити и Загреб.
Асоцијацијата брои 120 градови од целиот свет, а извештаите од годишнитe собранија се доставуваат од Организацијата на Обединетите Нации. Минатата година генералното собрание беше одржано во Грција, каде присуствуваше и Генералниот секретар на ООН, Бан Kи Мун.