КК Куманово вечерва на домашен терен го пречекува МЗТ Скопје, во рамките на вториот натпревар во борбата за титула.
Ако се суди според бројот фанови на Куманово присутни на првиот дуел во СЦ „Јане Сандански“, во тој случај вечерва МЗТ Скопје го очекува вистински пекол на теренот на предизвикувачот.
Првиот дуел во Скопје кој убедливо му припадна на МЗТ, домаќинот се надева на подобро издание на свој терен.
„Со поддршка од 5.000 луѓе нема да заврши средбата исто како во Скопје. Моите играчи беа под притисок во Скопје, беа убедени дека може да дојдат до гостинска победа исто како против Работнички. Тој притисок придонесе да направат грешки, да не скокаат, а мислам дека понесени од публиката ќе дојдеме до триумф и ќе изедначиме на 1-1“, изјави тренерот на Куманово, Страшко Тодоровиќ.
Натпреварот во Спортската сала во Куманово е закажан за 19 часот.