„Куманово паркинг“ го презеде менаџирањето со спортските објекти

Сподели со своите пријатели

ЈП „Куманово паркинг“ почна со менаџирање на четирите големи спортски објекти во Куманово, градски базен, стрелиште, градски стадион, Соколана, футсал игралишта и други помали спортски објекти, соопштија денеска надлежните.

Loading...

Одлуката ја донесе Советот на општината. Дел од објектите кои Владата ѝ ги врати на општина Куманово ќе се реконструираат со европски пари, најави директорот на претпријатието, Сашо Петрушевски.

-Бидејќи станува збор за голема инвестиција, реално ниту општина Куманово, ниту пак која било друга општина во државата не може да одвои средства од буџетот за целосна реконструкција на вакви спортски објекти. Градскиот стадион и стрелиштето, ќе се решаваат подолгорочно, со аплицирање со проекти за целосна реконструкција преку фудбалската федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт, преку европските фондови, изјави Петрушевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четворица скопјани приведени во Куманово со наркотици

Тој информираше дека контактирал со релевантни структури на државно ниво, најави средби со федерацијата, бидејќи, како што појасни светските FIFA и UEFA даваат средства за изградба на стадиони. Петрушевски се надева и на поддршка од Агенцијата за млади и спорт и заедно и општината и претпријатието ќе аплицира за средства со проекти.

– Тие ќе се подготват наредниот период, бидејќи ова е процес кој ќе трае подолго, меѓутоа го почнавме, со тоа што планираме да се реставрира градскиот стадион, исто така и стрелиштето бидејќи се во катастрофална состојба. Тука 30 години никој не преземал мерки за нивна санација изјави Петрушевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Змиите и урбаните средини: Колку се безбедни граѓаните на Куманово? (ВИДЕО)

Помалите спортски објекти како што се отворените игралишта, фудбалските, футсал, тениските и други објекти ќе профункционираат напролет, најавија надлежните.

– Имаме програма со тениските клубови и со граѓаните коишто се заинтересирани да се занимаваат со овој спорт ќе направиме термини каде што сите заинтересирани ќе можат да ги користат овие игралишта. Исто така и за мал фудбал-футсал. Верувајте дека огромен е интересот на граѓаните бидејќи сето ова ќе придонесе за правилен развој на младите и на спортот во општина Куманово, изјави Петрушевски. Согласно одлуката на Советот на Куманово, претпријатието ги презеде за менаџирање сите објекти на подрачјето на општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Ноќва дожд, во недела сонце

МИА

Loading...