Неколку стотици граѓани од Куманово денеска го искажаа револтот од одлуката на претседателот за аболиција на политичарите осомничени за криминал и побараа отповикување на одлуката и оставка од претседателот Ѓорге Иванов.
Loading...
[huge_it_gallery id=”341″]
Со паролите „Нема правда, нема мир“ и „Не ве аболицираме“ кумановци покажаа дека се пример за мирен и демократски народ, и дека спонтано преку социјалните мрежи можат да се соберат во голем број.
Свое обраќање имаше и др. Мицко Дудучки кој ги искажа барањата на протестантите и побара оваа власт да си замине, заедно со првиот човек на стечајците Љиљана Георгиевска.
Судот го обезбедуваа минимален број полициски службеници, а немаше ниту еден инцидент. По половина час скандирање демонстрантите мирно се разминаа и најавија дека утре во 19 часот повторно ќе дојдат пред Основниот суд се додека оваа одлука не се повлече.