Куманово ќе добие нови електрични автобуси (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово во следниот период ќе добие нови електрични автобуси, најави денеска во Куманово заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

– Би сакал да најавам исто така дека во следниот период ќе пристигнат електричните автобуси во Куманово, така што се обидуваме да помогнеме секаде онаму каде што можеме, истакна Николоски.

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски ја поздрави најавата, посочувајќи дека електричните автобуси ќе бидат значајна поддршка за јавниот превоз во градот, кој функционира на повеќе од 28 линии.

– Му се заблагодарувам на министерот што најави и позитивно се имаат произнесено на нашиот повик да добиеме дел од помошта во однос на возилата за организирање на јавниот превоз во градот за организација на јавниот превоз на повеќе од 28 линии во градот“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И во Куманово утре свечено одбележување на 35 години независност на Македонија

 

 

Тој нагласи дека Куманово по подолг период има, како што оцени, одлична соработка со централната власт и оти распределбата на средствата е порамномерна.

– Во минатото имало скромна помош, но секогаш централните власти се однесувале кон едни како мајка кон други како маќеа, но сега веќе со оваа влада не е тоа случај, рамномерно се распоредуваат средствата по глава на жител на секоја општина подеднакво и еве денеска гледаме со овие пет прекрасни возила дека тоа се почитува во целост, а верувам министре овој пат дека и Куманово доби малку повеќе од тоа што го бараше, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почести возови на релацијата Скопје-Куманово, најави Николоски (ВИДЕО)

Никола Ивановски