Куманово и Гнилане ќе се збратимат, одлучија советниците

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово денеска донесе одлука за збратимување на општините Куманово и Гнилане, со цел да се продлабочи веќе постоечката долгогодишна соработка на двете локални самоуправи.

Loading...

Како што рече советникот Фериз Дервиши, иницијативата потекнува од 2003 година, а соработката е остварена повеќе полиња.

– Сакам да изразам задоволство бидејќи со години тема на дискусија беше токму збратимувањето на Куманово со Општина Гнилане, оваа инцијатива е од 2003та година, ја продолжија соработката во сите сфери, културна, спортска, и реализиравме заеднички проекти кои не се со мала вредност и еве сега дојде моментот да дојде до израз политичката и општа подготвеност сета оваа соработка која постоела да се кринисува со една таква одлука овие две општини да се збратимуваат. Изразувам задоволство и кажувам дека советничката група на ДУИ ќе ја поддржи и ќе гласа за оваа одлука, рече Дервиши.

Одлуката е донесена едногласно со 21 глас за.

Никола Ивановски

Leave a Reply