Куманово во недела ќе биде домаќин на Државното првенство во друмски велосипедизам, организирано од страна на велосипедскиот клуб Вело-М Термалифт , а во соработка со Велосипедска федерација на Македонија и Општински сојуз на спортови.
Државно рвенство во друмски велосипедизам се смета за најпрестижна трка во рамки на една нација и победник на самата трка ќе се закити со титула Државен првак на Македонија.
– Куманово како и во претходните години така и годинава е домаќин на оваа манифестација, а патеката на која ќе се вози е Куманово – Крива Паланка – Куманово за категорија сениори, јуниори и мастерс додека пак помалите кадети и категорија жени ке возат на релација Куманово – Страцин – Куманово, изјави спортскиот директор на клубот Марјан Петровски.
Трката ке започне на плоштадот во Куманово со старт во 10 часот, честа на отварање на трката ќе ја има градоначалникот Максим Димитриевски, а целта ќе биде кај ресторанот на почеток на градскиот кеј. Се претпоставува дека Сениорите ке пристигнат на целта околу 14 часот.