Куманово аплицираше за изградба на пат меѓу селата Новосељане – Косматац – Мургаш

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово аплицираше до Министерството за транспорт и врски за изградба на локалниот пат помеѓу селата Новосељане-Косматац-Мургаш, информираа денеска од општината.

Loading...

Покрај овој пат, општината подготви проект и за реконструкција на улицата „300“ во приградската населба „Ајдучка Чешма“.

– Проектот изградба на некатегоризиран локален пат село Новосељане -село Косматац- село Мургаш во Куманово, како и проектот за реконструкција на дел од улицата „300“ во „Ајдучка Чешма“ во Куманово, се аплицирани преку програмата за поврзување на локални патишта и улици, финансиски поддржани од страна на Меѓународна банка за обнова и развој – Светска Банка, преку потпишување на Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, а во имплементација на проектна единица во Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија, со што Општината Куманово во целиот овој процес е краен корисник, а целокупната постапка ја спроведува проектна единица, велат од општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тито во Куманово ги посетил повредените од земјотресот во 1963

Оттаму додаваат дека во проектната апликација избрани се патниот правец помеѓу трите села како и реконструкција на улицата, бидејќи ги исполнуваат критериумите, начелата за финансирање на ваков тип проекти од Светска Банка.

И патниот правец помеѓу селата и улицата во приградската населба се во исклучително лоша состојба.

Пред неколку години општина Куманово делумно го тампонираше патот помеѓу селата Косматац и Мургаш.

МИА