Кумановка украла платежна картичка, па се коцкала во казина

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишна кумановка доби кривична пријава под сомнение дека одзела и користила туѓа платежна картичка.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, на 05.03.2025 во приватна компанија во Индустриска зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал полицајци, откако го привеле поради марихуана