Кумановка крадела во Струга, полицијата ја приведе

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишна кумановка била приведена во Струга под сомнение дека крадела во трговски објект.

Loading...

– На 19.02.2024 во 10.10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ја привеле В.И.(23) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа се сомничи дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

– По целосно расчистување и документирање на случајот, против В.И. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски