Триесет и петгодишна кумановка била приведена вчера по пријава дека физички го нападнала синот, а со остар предмет се заканувала на сопругот.
Loading...
– На 03.12.2024 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.С.(35) од Куманово затоа што физички го нападнала нејзиниот син и со остар предмет се заканувала на нејзиниот сопруг, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски