Кумановецот Марио Арангеловски оваа сезона ќе се натпреварува во српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Дваесет и тригодишниот Арангеловски вчера се врати од Белград каде ја снимаше емисијата од првиот круг, во која ја доби поддршката од жири комисијата и помина во понатамошниот дел од натпреварување.
За свој ментор ја избра Јелена Карлеуша.

– Задоволен сум од настапот, емисијата со мојот настап ќе се емитува веројатно кон почетокот на октомври. Добив одлични коментари од жирито, изјави Арангеловски за Кумановски Муабети.
Инаку, Марио е единствениот кумановец оваа сезона во музичкото шоу, каде има околу педесетина учесници од Македонија. Претходно има учествувано во повеќе домашни и странски музички програми, а најпознати се неговите настапи во српскиот и бугарскиот „Икс фактор“.
