Кумановецот Филип Наковски ќе се бори на „Златен гонг“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот боксер Филип Наковски утре ќе настапи на 52. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ кој ќе се одржи во Скопје.

Loading...

По долга пауза, Наковски повторно ќе се врати во рингот, по едномесечен интензивен тренинг со некогашната легенда на кумановскиот и југословенски бокс Миро Матијевиќ, познат како Мирослав Сурла.

Матијевиќ е добро познат на повозрасните љубители на боксот во Куманово, со оглед дека настапувал за истоимениот клуб, а покрај тоа својата богата кариера ја градел и во Металац и Борово.

Неодамна приватно дошол во градот и стапил во контакт со своите поранешните колеги, па така се зближил и со Наковски во кој видел силен потенцијал и одлучил да стане негов тренер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

– Не трениравме во идеални услови, но Филип е многу добро момче и квалитетен боксер. Се надевам дека успеав да му пренесам дел од моето искуство, а исклучително ја подобри својата техника во боксот во текот на изминатите месец дена интензивен тренинг, вели југословенската легенда.

 

 

Loading...

Противникот на Наковски ќе се знае утре пред самиот старт на турнирот кој ќе се одржи во спортската сала „Македонско сонце“ во Скопје.

Наковски инаку е поранешен вицешампион во македонскиот кик-бокс, државен првак во бокс, а има освоено и низа медали на многу меѓународни турнири во регионот.

 

 

Станува збор за исклучително силен боксерски турнир со многу долга традиција и на кој настапиле најголемите боксерски имиња од регионот, а двајца кумановци го освоиле три пати Аце Русевски во 1975 и Реџеп Реџепвски во 1983 и 1985 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грк приведен на Табановце поради нудење поткуп

Никола Ивановски