Кумановец завршил со повреди во болницата, кои ги здобил додека извршувал работни задачи во куќа во селото Љубодраг.
Loading...
– На 28.11.2024 во 08.52 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошол З.Н. од село Љубодраг, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во домот на Б.Г. од исото село.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од кумановската полиција.
Никола Ивановски