Шеесетгодишен кумановец загинал при експлозија на плинска боца што вечерва се случила во населбата Перо Чичо.
Loading...
– На 20.03.2025 во 20.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата “Ѓорче Петров” во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово.
– Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек, додаваат од полицијата.
Никола Ивановски