Кумановец украл чанта од 79-годишна жена, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер под сомнение дека украл чанта од седумдесет и деветгодишна жена.

Loading...

– На 24.10.2024 во 20.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Ш.(25) од Куманово затоа што истиот ден на улица „Браќа Миладиновци“ во Куманово одзел чанта на Б.В.(79) од Куманово, информираат од Министерствот за внатрешни работи.

Л.Ш. бил приведен во полициска станица и како што додаваат од полицијат,а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?