Кумановец уапсен во Охрид

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец завчера бил приведен во Охрид откако по него била распишана потерница.

Loading...

– На 09.07.2023 во 15.00 часот, врз основа на распишана потерница од СВР Куманово, на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, лишен е од слобода Д.С.(35) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ на издржување затворска казна.

Никола Ивановски