Кумановец тешко повреден откако излетал со возилото кај Романовце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен кумановец е тешко повреден откако со своето возило излетал од патот кај селото Романовце.

Loading...

– На 22.08.2023 околу 16.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Романовце, во с.Романовце, патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ш.(23) од Куманово, изгубило контрола и излетало од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По несреќата, возачот К.Ш. бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот

Никола Ивановски