Кумановец стана претседател на Боксерската Федерација на Македонија

Сподели со своите пријатели

Во сабота во Скопје во конференциската сала на „СЦ Борис Трајковски” се одржа Вонредно изборно Собрание на Националната Боксерска Федерација на кој беше избран нов претседател, откако досегашниот прв човек на Федерацијата Фатон Салиху поради лични ангажмани и презафатеност поднесе оставка на оваа функција.

Loading...

За нов претседател на Националната Боксерска Федерација официјално е именуван досегашниот прв човек на боксерскиот клуб Куманово 84, Кристијан Андреевски.

Андреевски беше едногласно изгласан од  29 клуба кои беа присутни на Собранието и му ја дадоа комплетната поддршка да ја води оваа Федерација.

Потпретседател на Федерацијата е именуван Оливер Станков претставник од БК Аперкат од Скопје, додека технички секретар ќе биде Бошко Тасиќ од БК Куманово 84.

На Собранието исто така беа избрани и членовите на Управниот одбор во кој влегоа Горан Стојковски, Сашо Салтировски, Александар Трифуновски и Никола Ѓорѓиевски кои беа предлог на новиот претседател, додека на предлог од Собранието во Управниот одбор нови членови се Оливер Станков , Насер Харуни, Бобан Блажевски и Радмила Симевска која е првата жена во историјата на Федерацијата во Управниот Одбор.

Во Надзорниот одбор влегоа тројца членови а тоа се Владимир Цекиќ,Јове Петровски и Влајко Стојчевски.

Новиот претседател по изборот најпрво им се заблагодари на присутните и вети дека ќе работи пред се на подигање на квалитетот на боксот и негова популаризација како спорт , не само во Македонија туку и пошироко.

– Најпрво сакам да ви се заблагодарам за довербата која ми ја дадовте да ја водам Националанта Боксерска Федерација.Како претседател ќе ветам работа, за да боксот го подигнеме на уште поголемо ниво, да имаме квалитет и да направиме резултати со кои сите на крајот ќе се гордеме.Ние како Федерација ќе бидеме Ваш сервис и заедно со Вас ќе работиме во интерес на боксот – изјави Андреевски во своето прво обраќање по официјалнотоо назначување како претседател на Федерацијата.

Loading...