Како што јавува Министерството за внатрешни работи, на 20 ноември околу 18.00 часот, во Скопје на ул.Лепенечка, додека во фурната бил Ф.П. (61), дошло непознато машко лице и побарал да се види со вработената А.А.
Откако истиот му рекол дека не може да влезе, лицето насилно ја отворило вратата, влегол во дворот од објектот по што извадил нож и го нападнал нанесувајќи му повреда во вид на расекотина на левата рака и гребаница на левиот образ.
Во тој момент дошла А.А. по што лицето истрчало према неа замавнувајќи со ножот и и нанел убодна рана на десната страна под рамото, по што физички ја нападнал.
Откако на местото на настанот пристигнал сопственикот на фурната, лицето избегало.
Ф.П. и А.А. биле префрлени во КЦ – Скопје, каде им биле констатирани телесни повреди. По кратко време лицето бил приведен, а се работи за В.И.(41) од Куманово, со истиот е извршен разговор и се работи на целосно расчистување на случајот.