Четириесетгодишен кумановец бил приведен откако бил затекнат при обид да изврши кражба од сепарација во Шупли Камен.
– На 04.05.2025, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(40) од Куманово. Тој бил затекнат во сепарација во село Шупли Камен, кумановско, при обид да одземе предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Откако бил приведен, во неговиот дом бил извршен претрес, а таму биле пронајдени наркотици.
– На 05.05.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени прашкаста материја и шприц исполнет со жолта материја, велат од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски