Кумановец пријавил напад, но заборавил дека полицијата го бара со потерница

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец бил приведен викендов откако во полиција пријавил дека бил физички нападнат.

Loading...

– На 12.10.2024 во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово, со престој во Скопје, пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Т.Ѓ.(36) од село Бучинци, општина Илинден, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при преземање мерки во врска со настанот, полициски службеници од Полициската станица Карпош констатирале дека И.Т. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна.

– Тој бил лишен од слобода и спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски