Триесет и петгодишен кумановец бил приведен викендов откако нападнал полициски службеници и проголтал опаковка со непозната материја.
Loading...
– На 06.04 2025 година во 03.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека Д.Т. (35) од Куманово физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и при тоа Д.Т. проголтал опаковка со непозната материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, истиот бил пренесен во Општа болница Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски