Кумановец ќе одговара за напад врз полицаец, двајца други за попречување при работа

Сподели со своите пријатели

Едно лице од Куманово доби кривична за напад врз полициски службеник, а две други за попречување при вршење службени дејствија.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против Џ.Ш.(57) и С.М.(31), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијат,а на 20.03.2025 во Куманово, првопријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, а се обидел да употреби и остар предмет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За 72 часа во Куманово наврнаа 43 литри дожд

Второпријавениот и третопријавената ги попречувале полициските службеници при извршување на службените задачи.

Никола Ивановски