Кумановец ја силувал поранешната сопруга под закана со остар предмет

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец бил приведен по претходна пријава дека под закана со остар предмет ја силувал поранешната вонбрачна сопруга.

Loading...

– На 10.06.2024 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.А.(47) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека со закана со остар предмет извршил обљуба врз неговата поранешна вонбрачна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите во пораст, за викенд дожд и снег