Триесет и тригодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички нападнал две малолетнички.
Loading...
– На 12.08.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.К.(33) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Веселин Маслеша“ во Куманово физички нападнал две малолетнички, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, велат од СВР Куманово, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски