Кумановец физички ја нападнал својата сестра

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец утринава бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата сестра.

Loading...

– На 01.10.2024 во 03.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Б.(38) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сестра, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, И.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом