Четириесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека бил агресивен и се заканувал на својата девојка.
Loading...
– На 12.01.2025 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.А.(43) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и се заканувал на неговата девојка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски