Кумановци за шест месеци поднеле 74 претставки до Народниот правобранител

Сподели со своите пријатели

Кумановци и граѓаните на општините од североисточниот регион поднеле 74 претставки до подрачната канцеларија на Народниот правобранител во првата половина од тековната година, соопштија денеска од подрачната канцеларија.

Loading...

Како што соопштуваат од канцеларијата, најмногу претставки, десет се поднесени за областа урбанизам и градба, по што следуваат за потрошувачки права-девет претставки, осум се поднесени за областа судство и обвинителство.

Жителите на североистокот поднеле по осум претставки за граѓански состојби и државјанство и за имотни права.

За казнено поправни установи-биле поднесени шест претставки, пет за полициско постапување, по четири за извршители, за пензиско осигурување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕОФИЦИЈАЛНО: Димитриевски победи во Куманово

По три претставки се поднесени за работни односи, финансии и царина-, по две за образование и за детски права, две за други права.

– Вообичаено, органите од член 2 од Законот за Народен правобранител, доставуваат одговор по законскиот рок од осум дена. Најчесто одговорите ги добиваме во рок од 13-20 дена. Канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово во првите шест месеци ја посетиле 350 граѓани, соопштија од канцеларијата на народниот правобранител Куманово.

Оттаму додаваат дека во зависност од епидемиолошката состојба ќе се организираат и отворени денови во помалите општини од регионот.

МИА