Кумановци со први места на Меѓународен турнир во буткање со рака (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Иван Серафимовски од Куманово осви прво, а Кристијан Јовановски второ место на Меѓународниот турнир во буткање со рака кој изминатиот викенд се одржа во Косово.

Loading...

 

 

Заедно со нив како претставници од Македонија учествуваа и Димитар Вуиќ и Драган Стојчевски од Скопје и Зоки Димовски од Радовиш, кои исто така освоија први места.

 

 

Loading...

Во вториот дел од турнирот, сите претходно прворангирани се натпреваруваат во апсолутна категорија каде се бираат најдобрите учесници.

 

 

Кумановецот Иван Серафимовски освои второ место во апсолутна конкуренција, додека Димовски од Радовиш освои трето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигранти од Сирија пронајдени во кумановско

 

 

Loading...

Од вкупно седум категории, македонскиот тим има земено четири злата и едно сребро. Додека во апсолутна категорија се закитија со едно второ и едно трето место.

 

 

Организатори на турнирот беа косовската федерација  и Едон Морина, а учествуваа натпреварувачи од Косово, Албанија и Италија.

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски