Кумановци почнаа да ги празнат маркетите, во аптеките нема заштитни маски

Сподели со своите пријатели

Кумановци вечерва започнаа да ги празнат рафтовите по маркетите, откако денеска попладне надлежните објавија дека во Македонија е регистриран првиот случај на коронавирус.

Loading...

Дел од нашите читатели велат дека во маркетите забележале луѓе кои изнесуваат храна во поголеми количини, претежно зејтин, брашно и конзервирана храна.

Од друга страна, раскажуваат и дека во аптеките нема заштитни маски ниту антибактериски гелови.

Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес конференција рече дека ситуацијата е под контрола и нема место за паника.

Leave a Reply