Кумановци на протест повторно побараа повлекување на аболицијата (галерија)

Сподели со своите пријатели

Голем број граѓани на Куманово вчеравечер повторно побараа оставка од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како и повлекување на одлуката за аболиција на политичарите, на протестниот марш кој се одржа во организација на граѓанското движење „Протестирам“.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”369″]

 

Протестот започна пред зградата на Основниот суд Куманово, а протестантите продолжија да маршираат по улите во централното градско подрачје: „11-ти Октомви“, „Гоце Делчев“, булеварот „Трета МУБ“, „Народна револуција“, а преку градскиот плоштад повторно се вратија пред судската зграда.

Со македонски и српски знамиња, граѓаните имаа и поддршка од политичките претставници на СДСМ и коалицијата, стечајците и поголем број невладини организации.

И овој протест мина во мирна и демократска атмосфера, без инциденти, обезбедуван од минимален број полициски службеници.