Кумановчани излегоа на протест против полициска бруталност (видео)

Сподели со своите пријатели

Кумановчани излегоа на протест против полициска бруталност. Револтираните граѓани се придружија во знак на солидарност кон деветте градови во кои денес се протестира откако СДСМ објави прислушкувани разговори за случајот на Мартин Нешковски.

Loading...

[huge_it_gallery id=”38″]

Извикувајќи ”Убијци, убијци”, кумановчани од градскиот плоштад каде што се собраа во 18 часот, во протестна колона се упатија кон зградата на СВР Куманово, каде беше поставен полициски кордон од полицајци – припадници на посебната единица. На протестите се придружија и стечајните работници, како и граѓани од албанска националност.

Недозволиво е во една демократска држава, полицијата да убива и да ги тепа младите луѓе, вели Марина Михајловска, граѓанин на Куманово присутна на денешниот собир.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец го нападнал својот син, полицијата го привела

Целта е едноставна. Бараме оставка од Министерката Јанкуловска, вели Љуми Бекири, активист за човекови права од Куманово, присутен во првите редови на денешниот протест во Куманово.

Во позадина на полицискиот кордон, видливо беше и присуството на Специјалните Единици за брзо распоредување, но и полицајци наоружани со формациско оружје – автоматска пушка.

Loading...

Кумановчани протестираа мирно, со спорадични извикувања на пароли во кои побараа оставка од Министерката Гордана Јанкуловска, но и прашаа каде е началникот на СВР Куманово од кого побараа одговор за тоа од кого се бранат полицајците наредени во кордон.

 

Протестот започна во 18 и заврши во 19:30 часот, и според проценките, присутни беа близу 1500 граѓани и близу стотина полицајци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведено лице избегало при спроведување кон Затвор Куманово

За време на протестот, видливо беше и присуството на службено лице од СВР Куманово кое ги снимаше денешните протести.

При крај на денешниот протест, кумановчанки на присутните припадници на безбедносните сили им подарија цвеќе, а некои од нив беа гушнати во знак на искажување на мирно и цивилизирано однесување за време на протестите.

Засега нема најави дали протестите во Куманово ќе продолжат и во наредните денови.

Loading...

 

Leave a Reply