Куман: Ван Дајк понекогаш беше премногу мрзлив

Сподели со своите пријатели

Тренерот на Барселона, Роналд Куман ја коментираше неговата работа со дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Loading...

Двајцата работеа во репрезентацијата на Холандија, каде Куман беше тренер до неодамна, и во англискиот Саутемптон.

– Работата со Вирџил беше задоволство затоа што тој е многу одговорна и лесна личност. Тој се обиде да научи нешто од сите. Ван Дајк мораше да работи на неговиот карактер затоа што понекогаш беше премногу мрзлив. Некои веројатно дури ќе речат дека Вирџил бил арогантен во однос на фудбалот. Но, тој навистина работи напорно и заслужува сè што постигна. Мислам дека сега е еден од најдобрите дефанзивци на светот, посочи Куман.

Влатче Зорба

Leave a Reply