Кулеба ја повика Русија да престане да игра „игрa со глад“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека првата последица од руското необновување на договорот за жито ќе биде зголемување на цените на житото ширум светот.

Loading...

– Треба да знаете еден број. Минатата година, кога беше воведена Црноморската иницијатива за жито, светските цени на житото паднаа за 20 отсто. Значи, сегашниот исход од непродолжување на договорот ќе значи дека цените на житото ќе се зголемат низ целиот свет – изјави Кулеба за CBS.

Тој додаде дека тоа ќе го почувствуваат и луѓето во најранливите региони на Азија и Африка и дека „тоа ќе биде резултат на акциите на Русија“.

Кулеба ја повика Русија да престане да игра „игрa со глад“ со луѓето ширум светот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.