Три куќи и две помошни простории синоќа изгореа во пожарот во селата Бељаковце и Руѓенце, информира утринава директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Анелов.
Цела ноќ пожарникарите се бореле со огнената стихија, но огнот пеплосат две стари куќи и две помошни простории во кумановското село Бељаковце, како и една стара напуштена куќа во селото Руѓинце.
– Пожарот кој избувна во попладневните часови вчера, дополнително се разгоре и прошири во доцните попладневни часови кога веќе беше доцна за полетување на дежурните два полициски и еден армиски хеликоптер како и еден Ер трактор на ДЗС. Бидејќи пожарот се движеше во два правци со линија подолга од еден километар но најверојатно значително повеќе, а и двата крака дополнително загрозуваа други куќи од овие две села, бидејќи ветрот кој дуваше го движеше огнот многу бргу голтајќи ја пред себе високата сува трева, трња, дрвја, меѓу нив и лесно горливите ниски смреки и други зимзелени дрвја, чекањето на раните утрински часови кога можеа да полетаат двата полициски и еден армиски хеликоптер, ќе предизвикаше дополнителен ризик за куќите и населението во овие две села, изјави Ангелов.
Огнот го гаснеле противпожарни екипи од Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка, а потоа се упатиле и пожарникари од Кавадарци, Штип и Свети Николе.
Дополнително во гаснењето самоиницијативно се вклучиле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и неколку храбри локални жители.
– Подршката ја барав возејќи кон пожарот. Беше темно кога пристигнав во с. Бељаковце и веднаш извршив извидување на теренот и состојбата со пожарот. Отидов до две опжарени помошни простории. од таа позиција имав добар видик на едниот крак од пожарот. Пред полноќ пристигна и комплетното засилување со пожарникари од посочените ТППЕ, додава Ангелов.
Триесетина минути по полноќ започнале рачно гансење на пламените јазици високи неколку метри со т.н. напртњачи и специјални противпожарни метли со метални ленти.
– На местото на кое го прсретнавме пожарот, огнот гореше многу силно, температурата беше висока и имаше многу чад. Ситуацијата се менуваше од миг во миг. Мојата цел беше сејфти фрст, не смееше да се загрози човечки живот повеќе од она што беше неопходно, бидејки сите бевме изложени на одреден ризик. Претходно стекнатата голема доверба во нашите пожртвувани пожарникари ме охрабри да бидам рамо до рамо со нив и да им помагам возејќи ги лично со теренското возило на ЦУК. Но сепак на некои моменти се изложивме на голем ризик, вели Ангелов.
По двочасовна борба со огнот успеашно биле изгаснати пламените јазици.
На двата крака останале дежурни екипи од пожарникарите од Кавадарци и Штип.
Според првичните проценки изгорени се околу 100 хектари површина.
Никола Ивановски