Куќа опожарена во кумановската населба Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Куќа на улицата „Анѓа Ранковиќ“ во кумановската населба Перо Чичо вчера била зафатена од пожар.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, околу 10:30 часот на терен излегле петмина пожарникари со едно противпожарно возило, по што веднаш на помош била повикана дополнителна екипа со уште едно возило и двајца пожарникари.

Интервенцијата траела до 12:35 часот, но засега не е познато зошто избувнал пожарот, ниту висината на настанатата материјална штета.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо