Семејна куќа била опожарена вчера во липковското село Слупчане, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Во период од 12:30 до 14:05 часот шест пожарникари со две противпожарни возила интервенирале на гаснење на пожарот.
Опожарен бил вториот кат на објектот , при што е предизвикана поголема материјална штета.
– Причината за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ке се утврдува, велат од РЦУК.
Никола Ивановски