Семејна куќа ноќва изгорела во пожар во кумановското село Градиште, информираат од Регионалниот центар за управувањео со кризи.
Огнот избувнал доцна синоќа, па на терен околу полноќ пристигнала екипа од тројца пожарникари на ТППЕ Куманово.
Интервенцијата траела до 02:40 часот, но во пожарот целосно изгорени биле две соби од семејниот дом.
– Причина за пожарот како и матрејалната штета дополнително ке се утврдува, велат од РЦУК.
Пожар вчера имало и во соседното село Скачковце, каде изгорел помошен објект – шупа. Во период од 16:45 до 18:45 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Кумановските пожарникари имале и трета интервенција, на запалена сува трева во атарот на селото Романовце. Таму тројца пожарникари интервенирале во период од 16:15 до 16:45 часот.
Една интервенција бележат и пожарникарите во Старо Нагоричане. Таму во маалото Бузинци во селото Младо Нагоричане горела сува трева, при што тројца пожарникари гаснеле од 18:00 до 20:00 часот.
Никола Ивановски