Кубраков: 12 бродови со жито ги напуштија пристаништата на Црното Море

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков изјави дека денеска 12 бродови биле натоварени со жито и дека ги напуштиле украинските пристаништа како дел од иницијативата за жито во Црното Море.

Loading...

Кубраков на Твитер напиша дека Турција и Обединетите нации обезбедиле 10 тима за денешната инспекција на 40 украински бродови во рамките на иницијативата за жито и дека Русија била информирана, пренесе Ројтерс.

Надлежните тимови од Турција и ОН денеска ја продолжија инспекцијата на бродовите според договорот за транспорт на украинско жито од пристаништата на Црното Море, откако Русија го прекина учеството во договорот во текот на викендот, изјави за Ројтерс портпаролот на ОН задолжен за иницијативата.

Русија објави дека го суспендира учеството во спроведувањето на договорот за жито, постигнат во јули годинава со Украина, со посредство на ОН и Турција, на неопределен период бидејќи не може да ја гарантира безбедноста на цивилните бродови по нападот на руската црноморска флота во Севастопол.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.