Куба побара да се приклучи на групата БРИКС, објави кубанскиот дипломат Карлос Мигел Переира.
„Куба официјално побара вклучување во БРИКС преку писмо до рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Переира на X.
Тој додаде дека БРИКС се консолидира како клучен играч во глобалната геополитика и дека им нуди надеж на земјите од југот.
Групата е основана во 2009 година.
Изјавите на Переира доаѓаат две недели пред состанокот на членките на БРИКС на годишниот самит на блокот закажан за 22 и 24 октомври во рускиот град Казан.
Барањето на оваа карипска земја да се приклучи на блокот дојде набргу откако Азербејџан потврди дека исто така се залага за членство.
За членството во БРИКС е потребна покана, а на неколку земји им беше понудена шанса да се приклучат претходно оваа година, вклучувајќи ги Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати. Покана доби и Аргентина, но рече дека нема да се приклучи.
БРИКС е основан во 2009 година за да ги поттикне поблиските врски меѓу Русија, Кина, Индија и Бразил, а сега се состои од девет членки.
Станува геополитички и економски ривал на западниот блок на земјите од Г7, пренесува Politico.