Крвава тепачка во Куманово: Момче заврши со убодна рана во врат

Сподели со своите пријатели

Како што јавува СВР Куманово, вчеранавечер околу 21,00 часот во Куманово на ул.„3-та М.У.Бригада“, поточно пред кафе бар „Ретро кафе“, по расправија помеѓу лицата А.М. (1986) и Ш.И. (1975) од Куманово, Ш.И. физички го нападнал А.М. и со нож му нанел убодна рана во пределот на вратот, а потоа го напуштил лице местото.

Loading...

А.М. е пренесен во Општа Болница Куманово каде му е констатирана телесна повреда и е задржан на лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Leave a Reply