Кризен штаб: Од утре почнува наставата во кумановските училишта (видео)

Сподели со своите пријатели

Кризниот штаб за заштита и спасување денес повторно заседаваше по повод состојбата на терен во Куманово, при што беа донесени нови заклучоци, со оглед дека ситуацијата се нормализира.

Loading...

Како што извести Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово, од утре /среда/, започнува наставата во кумановските училишта, како и во градинките, откако е констатирано дека ситуацијата се нормализира.

Денес се донесени и заклучоци за отпочнување на проценка на штети во кумановските погодени улици во населба Тоде Мендол, како и помагање на 54 семејства кои побарале помош.

 

Leave a Reply