Кризата во Сеута: Околу 6.000 мигранти сè уште талкаат по улиците на градот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на шпанската енклава во Северна Африка, Сеута, Хуан Хесус Вивас, денес изјави дека уште околу 6.000 мигранти сè уште „талкаат“ во градот без можност да „ги задоволат своите основни потреби“, по масовниот прилив на мигранти минатата недела.

Вивас рече дека минатата недела, за време на масовниот прилив на мигранти, околу 80.000 мигранти влегле во Сеута, што е за 8.000 повеќе од бројот објавен од шпанското Министерство за внатрешни работи, пренесува Мундо.

Тој рече дека Сеута моментално се грижи за 1.100 малолетници без придружба, додека пред почетокот на јули имале 180 малолетници под нивно старателство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ел Нињо би можел да турне 50 милиони луѓе во акутен глад до крајот на следната година

Вивас, исто така, истакна дека Сеута има капацитет, според законот, да се грижи за максимум 90 малолетници без придружба.

„Се наоѓаме во критична ситуација. Бараме помош од остатокот од Шпанија“, рече Вивас, кој додаде дека моралот на населението во Сеута е многу низок.

Шпанската енклава Сеута, заедно со Мелиља, претставува единствена копнена граница на Европската Унија со Африка и често е дестинација на мигрантите кои се обидуваат да влезат на територијата на Европската Унија, пренесува Танјуг.