Кризата е криза, но „зима” за сегментот на луксузни автомобили нема. Ламборџини се продава подобро од било кога.
Во првите шест месеци од 2022 година, производителот од Сант Агата испорача 5.090 автомобили. Ова е најдобриот период во историјата на брендот. Најважни пазари се САД и Кина.
Како што велат во Ламборџини, доколку нарачате автомобил сега, ќе ви биде испорачан за година и половина, а периодот на чекање наскоро би можел да биде значително подолг.
Италијанскиот производител најави и некои новитети. Најпрво ќе биде освежена палетата на теренци на Урус, која сочинува 61 отсто од продажбата. Веројатно ќе видиме и plug-in верзија, а неофицијално се зборува и за верзија Перформанте.
Ламборџини има намера да лансира и „offroad“ Хурукан Стерато, кој ќе му овозможи на овој автомобил да го напушти асфалтот. Тоа е многу необичен концепт на возило, но може да ги интересира оние купувачи кои сакаат да се истакнат.