Триесет и петгодишен затвореник од Куманово доби кривична пријава откако полицијата му пронашла наркотици во ќелијата.
Loading...
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Н.(35) од Куманово поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР, на 31.10.2024 во Казнено – поправната установа Затвор Куманово бил извршила преглед над пријавениот, осуденик во установата, при што биле пронајдени и одземени МДМА таблети.
Никола Ивановски