СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(32) и С.М.(28) двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 09.05.2015 година, околу 14,00 часот пред влезната капија на црквата „Свети Никола“ во Куманово додека оштетениот В.Б.(57) од Куманово бил на работното место како помошник на свештените лица, пријавените му пришле од зад грб и со употреба на физичка сила со тупаници и клоци го удирале во пределот на главата и телото по што му нанеле видливи повреди.
СВР Куманово поднесе кривична пријава и против С.Г.(25) од Куманово и две непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 09.04.2015 година, околу 02,10 часот пред казиното „Апекс“ во Куманово пријавените го затекнале О.Х.(25) од Куманово со кого започнале вербална расправија, а потоа со тупаници го удирале во пределот на главата и телото, по што оштетениот бил пренесен во Општа болница Куманово.