Критичарот на Путин зборуваше за руските злосторства во Буча, му се закануваат 9 години затвор

Сподели со своите пријатели

Рускиот обвинител вчера побара деветгодишна затворска казна за Илја Јашин за обид да ја дискредитира руската воена интервенција во Украина.

Loading...

Јашин е политички сојузник на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални и бил близок со Борис Немцов, опозициски политичар кој беше убиен во близина на Кремљ во 2015 година.

Обвинителите го обвинуваат 39-годишниот поранешен градски советник во Москва дека лажно ја обвинил руската војска дека е одговорна за масовните убиства на цивили во Буча.

Јашин ги изнел овие тврдења во април на пренос на YouTube за време на дискусија за актуелната руска влада, пишува Moscow Times.

На Јашин му се суди според новите закони кои стапија на сила по почетокот на руската инвазија на Украина, чија основна цел е да се казни она што властите сметаат дека се штетни или лажни информации за руската војска.

Јашин беше еден од ретките критичари на Кремљ кој одби да ја напушти земјата откако Путин испрати војници во Украина на 24 февруари.

Наместо тоа, тој редовно ја осудуваше инвазијата преку неговиот канал на YouTube, кој има 1,3 милиони претплатници.

На судското рочиште минатиот месец Јашин рече дека ја сака Русија и дека е подготвен да „плати со својата слобода“ за да остане во земјата. Обвинителите во ноември тврдеа дека Јашин „предизвикал значителна штета на Русија“ и „зголемил политички тензии“ додека руските трупи се бореле во Украина.

Loading...

„Ова е чист политички настап, нема никаква врска со законот“, напиша рускиот новинар Василиј Полонски на Телеграм.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.