Кристерсон: Шведска не планира да го забрани палењето на Куранот

Сподели со своите пријатели

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека неговата земја не планира, како Данска, да го забрани палењето на Куранот.

Loading...

„Секоја земја изложена на акутни закани избира свој начин да се справи со нив. Имам многу почит за она што Данска го прави во моментов“, рече Кристерсон, пренесува шведскиот јавен радиодифузен сервис SVT.

Тој додаде дека Владата на Шведска не верува дека треба да го следи примерот на Данска.

„Промената би барала уставна измена, па затоа не е најсоодветна за Шведска“, рече Кристерсон.

Данската влада вчера објави дека планира да го забрани палењето на Куранот, бидејќи повеќе сквернавења на исламската света книга во земјата предизвикаа незадоволство во муслиманските земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американските власти ги забранија летовите над Хаити по инцидентот со Spirit Airlines и JetBlue

Оваа мерка ќе „забрани несоодветен третман на предмети со значајно религиозно значење“, објави министерот за правда Питер Хумелгард на прес-конференција, пренесе Блумберг.

Според него, целта на предложениот закон е особено насочена кон палење и сквернавење на јавни места.

Палењето на Куранот во Данска и Шведска оваа година предизвика протести во некои муслимански земји, а двете земји оттогаш ги засилија безбедносните мерки, пренесува Танјуг.

Loading...