Кратовец се заканувал и извршил полови дејствија врз малолетна кумановка

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишник од Кратово е осомничен дека упатувал закани и извршил полови дејствија врз малолетничка од Куманово.

Loading...

– На 07.12.2023 во 16.45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.Г.(23) од Кратово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека упатил закани кон малолетничка, од Куманово со која претходно бил во љубовна врска, и дека извршил полови дејствија врз неа.

К.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски